Сирија бомбардира турски оклопни возила

Макфакс

19/08/2019

14:09

1.597

Големина на фонт

а а а

Сириското воено воздухопловство бомбардира воен конвој на Турција во провинцијата Идлиб, пренесе турската агенција ДХА.

Според информациите, турскиот конвој се движел кон Хан Шејхун и нема податоци за жртви.

Како што пренесува турската телевизија НТВ, голема колона оклопна техника се движела меѓу турските контролни пунктови 7 и 9 во Идлиб. Префрлувањето на оружјето било неопходно бидејќи деветтиот пункт се нашол во центарот на офанзивата на сириската војска. Гранати паднале во близина на оклопните возила.

Колоната запрела за да избегне загуби, а турската команда на самото место испратила дронови.

Претходно, сириската државна телевизија, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи, соопшти дека турските оклопни возила се движат кон Хан Шејхун, каде што сириската војска води борба со терористите од Фронтот Нусра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг