На моминската вечер се фотографирале покрај езерото - Кога ја погледнале фотографијата пребледеле од страв!

Точка

19/08/2019

14:20

13.112

Големина на фонт

а а а

Позади сето тоа се крие морбидно - морничава приказна.

Девојките од Шкотска кои моминската вечер ја поминале на некое езеро станале хит на интернет откако на фотографијата забележале уште еден, непоканет гостин на забавата.

Тие одлучиле да се фотографираат покрај езерото со фотоапаратот кој го носела некоја од девојките. Го наместиле фотоапаратот да направи неколку фотографии непрекинато, но на една од нив се наоѓа уште една личност која никоја од девојките не ја познава.

Во десниот агол на една од фотографиите се наоѓа момче со темна коса чие присуство ниту една од нив не знаела да го објасни.

Девојките потоа на интернет истражиле за одморалиштето на кое се наоѓале и откриле дека пред многу години таму живеело момче кое месечарело и потоа паднало во езерото и се удавило. Кога го откриле тоа, моминската забава завршила и тие набрзо потоа побегнале од одморалиштето.

За таа приказна дури и Би-би-си снимила серија „Русокосото момче“, а сценариото е слично како она нешто кое девојките го прочитале на интернет. Момчето било на одмор со родителите и во текот на ноќта месечарело, излело надвор, паднало во езерото и се удавило.




Спонзорирани линкови

Маркетинг