Турскиот конвој со оружје влезе во Сирија

Макфакс

19/08/2019

12:27

1.070

Големина на фонт

а а а

Турски конвој на оклопни возила со муниција влезе во Сирија и се движи кон Хан Шејкун, последното бунтовничко упориште до кое претходно стигна сириската армија како дел од нејзината офанзива, соопшти Министерството за надворешни работи на Дамаск.

Сириските државни медиуми пишуваат дека турските сили сакаат да им помогнат на бунтовниците во Хан Шејкун во борбата против офанзивата на сириската влада, нарекувајќи го делото агресија, пренесува „Ројтерс“. 

Министерството соопшти дека Сирија остро ги осуди овие потези на Турција и смета дека Анкара е „целосно одговорна за последиците од ова сериозно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија“, според ТАСС.

Додека Турција официјално не ги коментираше обвинувањата за конвојot, Дамаск предупредува дека „ова непријателско однесување на турскиот режим“ нема да влијае на офанзивата на сириската армија во Хан Шеjкун, сместена во Идлиб, покрај главниот автопат Дамаск – Алепо.

Турција поддржува некои бунтовници во северозападот на Сирија и распореди сили во Идлиб, во договор со Русија, потсетува „Ројтерс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг