Трамп ќе го задржи Пенс како кандидат за потпретседател

Макфакс

19/08/2019

11:29

453

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го задржи потпретседателот Мајк Пенс како свој кандидат кога ќе побара реизбор на изборите во ноември 2020 година.

„Јас сум многу задоволен од Мајк Пенс“, им рече Трамп на новинарите. 

Трамп очекува лесно да ја добие номинацијата на републиканците за неговиот втор претседателски мандат, пренесува „Ројтерс“.

Пенс стана потпретседател на САД во 2016 година, а пред тоа беше републикански гувернер на Индијана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг