Полицијата спречи три нови масовни пукања во САД

Макфакс

19/08/2019

11:23

218

Големина на фонт

а а а

Американската полиција соопшти дека спречила три нови масовни пукања минатиот викенд и уапси тројца мажи кои се заканувале дека ќе ги извршат.

Според „Си-ен-ен“, сите три случаи го привлекле вниманието на полицијата по дојавувањето на граѓаните.

Наводно, 22-годишниот Брендон Вагал бил уапсен во Конектикат, откако на „Фејсбук“ изразил желба да започне масовно пукање, а е обвинет за нелегално поседување оружје.

Тристан Скот Викс од плажата Дејтона, Флорида, бил уапсен на паркинг во Вин Дикси во петокот, откако испратил низа вознемирувачки текстуални пораки до неговата девојка заканувајќи се дека ќе изврши масовно пукање.

Тој во пораката рекол дека сака да убие голема група луѓе и дека „100 мртви би биле погодни“.

Третото масовно пукање било спречено во Охајо, каде што 20-годишниот Џејмс Патрик Рирдон бил уапсен затоа што наводно се заканувал дека ќе пука во Еврејскиот центар во Јангстаун.



Спонзорирани линкови

Маркетинг