15-годишник се удави во Пчиња

Макфакс

19/08/2019

10:52

949

Големина на фонт

а а а

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал.

Како што соопшти МВР телото на малолетникот го пронашле и извадиле полициски службеници и граѓани кои дошле на местото на несреќата. 

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг