10 заповеди на секоја среќна врска: Признајте ја вината, замолчете на време, бакнувајте се што почесто и не заборавајте на ова!

Точка

19/08/2019

10:39

3.003

Големина на фонт

а а а

Со малку труд, сè е можно... Толеранцијата, искреноста и попустливоста се важни особини кои гарантираат успешна врска и брак.

Иако несогласувањата, расправиите и кавгите се составен дел од секоја заедница, таа може да биде совршена само ако двајцата партнери подеднакво учествуваат во неа. 

Но, понекогаш е навистина тешко да ја признаете вината, да замолчите кога треба или пак да бидете љубезни кога вие или другата страна сте имале тежок ден, но и за тоа постои решение.


За сè да функционира во најдобар ред во вашата врска или брак, ви претставуваме 10 важни заповеди до кои секогаш би требало да се придржувате.

1. Ако веќе мислите да му упатите критика на партнерот, направете го тоа на понежен начин.

2. Не викајте еден на друг, освен ако не станува збор за нешто големо.

3. Ако веќе некој мора да победи во кавгата, мудро оставете тоа да биде оној другиот.

4. Можете да се лутите, но внимавајте никогаш да не бидете лути во исто време.

5. Никогаш, ама никогаш не ги споменувајте неговите грешки од минатото.


6. Имајте го ова предвид: Подобро да го занемарите целиот свет отколку да се занемарите еден со друг.

7. Никогаш не си легнувајте пред да ги разрешите сите несогласувања.

8. Ако не сте во право, бидете спремни да го признаете тоа, и нека не ви биде тешко да кажете “извини”.

9. Секој ден упатете му барем еден убав збор на вашиот партнер и барем еднаш прегрнете го и бакнете го. И не ја занемарувајте важноста на сексот.

10. За кавга секогаш се потребни двајца, а најчесто е виновен оној кој е погласен!


Не заборавајте – комуникацијата е најважна

Разговарајте отворено за сè, делете ја радоста и тагата, заедно решавајте ги сите проблеми, заедно донесувајте одлуки поврзани со вас и вашиот брак...

Не дозволувајте небитните работи како љубомората и недовербата да влијаат на вашата среќа!



Спонзорирани линкови

Маркетинг