Се возеле по патот, а потоа ноќта се претворила во ден: Огнена топка го пробила небото над Медитеранот

Точка

19/08/2019

09:39

2.579

Големина на фонт

а а а

Жителите на Сардинија биле шокирани од големата огнена топка која одненадеж се појавила на небото.

Необичната глетка била фатена на камерата на еден возач, кој минувал во близина на Торе Грандеа. 

Станува збор за метеорит кој при минувањето низ атмосферата го "запалил" небото, а феноменот можел да се види од неколку крајбрежни места долж медитеранот.

Опсерваторијата на Ибица поради оваа глетка примила дури 55 повици.

Метеорит е парче камен, комета или планетоид, кој од вселената паѓа на површината на Земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг