Очајните мигранти скокаат од бродот: 17 дена чекаат дозвола за влез во Италија

Точка

19/08/2019

10:30

1.066

Големина на фонт

а а а

Неколку мигранти, кои повеќе од две седмици се наоѓаат на спасувачки брод во близина на италијанскиот брег, вчера скокнале во морето со намера да допливаат до брегот.

„Со денови предупредувавме, очајот има свои граници“, изјави основачот на шпанската хуманитарна организација “Open Arms”, Оскар Кампс. Тој објави видео на кое може да се види како четворица мигранти со појаси за спасување пливаат кон Лампердуза.

Членовите на екипажот на бродот скокнале по нив и ги вратиле на бродот, пренесува новинската агенција „АП“. Инаку, од “Open Arms” синоќа побараа итна дозвола за пристап до италијанското пристаниште, за мигрантите после 17 дена поминати на бродот, конечно да можат да влезат во Италија.

Од таму тврдат дека физичката и психичката состојба на мигрантите била загрозена: „Ако се случи најлошото, Европа и Салвини ќе бидат одговорни“, порачаа од “Open Arms” на Твитер.

Тие претходно соопштија дека не можат да ја прифатат понудата на Шпанија и да заминат за шпанското пристаниште Алхесирас, поради вондредната ситуација на бродот: „Незамисливо е да пловиме шест дена. Толку би ни требало за да стигнеме до Алхесирас“.

Сепак, италијанските власти и натаму не дозволуваат бродот да навлезе во италијанските територијални води, иако пред неколку дена дозволи 27 малолетни лица да го напуштат бродот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг