Пожар над населбата Пинтија. Гори сува трева и ниска деградирана шума, соопшти ЦУК.
Како што информираат, на лице место на местото од пожарот се екипи од БППЗ.
Поради непристапноста на теренот, и големиот фронт на пожарот гаснењето е отежнато.
Моментално пожарот е одалечен на околу 200 метри од последните куќи и состојбата се следи, појаснуват од ЦУК.