Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Макфакс

18/08/2019

13:23

1.018

Големина на фонт

а а а

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат од територијалната противпожарна единица Скопје. Од таму велат дека во пожарот горела дабова шума, нискостеблести џбунови и сува трева на површина од околу 100-тина хектари. Пожарот е ставен под контрола на време, при што било спречено огнената стихија да ги зафати куќите во околните села Раовиќ и Ласкарци. Причинетата материјална штета допрва ќе се утврдува.

„Дежурна екипа на противпожарната служба по извршената контрола на теренот ни потврди дека пожарот целосно е локализиран. Во негово гасење учествуваа 4 противпожарни возила и 10 пожарникари, а помагаше и една екипа на Ј.П “Национални шуми. Голем придонес во гасењето на пожарот имаа и жителите на Ласкарци и Раовиќ, кои цело време им помагаа на пожарникарите“, информираат од противпожарната единица.

Поради непристапноста на теренот била побарана помош од авио-секторот на Дирекцијата за заштита и спасување, но од таму одлучиле да не испратат хеликоптери, па пожарикарите сами се справиле со огнот. Во гаснењето на пожарот немало помош ниту од Општина Сарај и покрај фактот што селата кои беа зафатени од огнот, се на нејзина територија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг