Во акциска контрола на полицијата во Скопје казнети над 200 возачи

Макфакс

18/08/2019

12:32

725

Големина на фонт

а а а

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на изминатата ноќ во период од 22,00 до 04,00 часот утрово, спроведе акциска контрола за откривање на возачи што ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 102 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени соодветни казни. Откриени се и 52 останати прекршоци, за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 27 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 27 возачи. Откриени се 47 останати прекршоци за кои се издадени 17 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.



Спонзорирани линкови

Маркетинг