Начинот на кој ја пишувате буквата “X” открива многу за вашиот карактер

Точка

17/08/2019

15:25

3.830

Големина на фонт

а а а

Аналитичарката на ракописи, Кети Мекнајт, објаснила што говори начинот на пишување на буквата “X” за карактерот.

Мекнајт инаку анализирала ракописи на бројни познати личности, од Опра до Барак Обама. Повеќето луѓе, како што вели таа, ја пишуваат буквата според бројот 7 на фотографијата, а воедно истакнува и дека тоа е правилниот начин на пишување на “X”. 

“Тоа е балансиран начин на движење на пенкалото. Размислете: пишуваме од лево кон десно, од левата до десната маргина. Кај печатењето, започнуваме од врвот и продолжуваме кон дното на страницата – сè друго би се сметало за регресивен испад, а тоа покажува бунтовништво, негативен однос кон себеси и постојан живот во минатото”, вели аналитичарката.

Еве што вели начинот на кој ја пишувате буквата “X” за вашиот карактер:


1. Ако ја пишувате буквата почнувајќи од долниот десен агол, тоа кажува дека сакате да напредувате, но се чувствувате заглавено во минатото.


2. Ако започнувате од долниот лев агол, а потоа од десниот, вие сте личност која силно сака да се катапултира од минатото, но тешко е да тргнете напред.


3. Пишувањето на “X” од горниот десен агол покажува дека сте бунтовник без причина.


4. Ваквото пишување говори дека пробувате да се фокусирате на иднината, но дел од вас сè уште ве мами да се вратите во минатото, како постојано да возите гледајќи во ретровизорот.


5. Исправен е само првиот дел од пишувањето кога започнувате од горниот лев кон долниот десен агол, но другиот дел открива дека сте човек кој не се сложува со постоечките правила. Добро е да се живее по свое, зарем не?


6. Бидејќи започнувате од долниот лев агол, вие ги следите трендовите и добро се снаоѓате во тоа.


7. На училиште најверојатно сте учеле да ја пишувате буквата “X” на овој начин. Тоа покажува дека не сакате да бегате од нормите и сакате ред и мир.


8. Ако започнувате од горниот десен агол, вие сакате да размислувате надвор од рамките.



Спонзорирани линкови

Маркетинг