Имаа одличен трансфер период но Емери ги разочара фановите: Искрено, не знам дали сме подобри…

Дерби

17/08/2019

13:31

3.102

Големина на фонт

а а а

Арсенал по подолго време имаше одличен трансфер период во кој успеа да ангажира неколку одлични фудбалери со кои ќе ги закрпи дупките кои настанаа минатата сезона.

Унаи Емери на „Емирејтс“ ги доведе Николас Пепе, Дани Себалјос, Давид Луиз, Кјеран Тиерни и Вилијам Салиба, но во изјава за медиумите во Англија пред натпреварот со Барнли истакна дека се уште не знае дали неговиот тим е подобар од минатата сезона.

– Искрено не знам. Нашата идеја беше да се подобриме од минатата сезона, да го подобриме начинот на работа, да ги подобриме играчите, и нашиот предизвик, односно да се подобриме во постигнувањето на нашите цели. Искрено, во моментов не знам дали сме подобри од лани, -истакна Емери.

Арсенал со многу мака славеше во првото коло против тимот на Њукасл со 1:0, а денеска ќе одигра натпревар на домашен терен со Барнли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг