Англискиот „Дејли Мејл“ пренесува дека фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо и дефинитивно ќе си замине од клубот следната сезона.
„Милионерите“ одолеаа на нападите на големите тимови кои и ова лето го посакуваа одличниот англиски репрезентативец, но се чини дека следното лето ќе бидат принудени да го продадат доколку сакаат да заработат на неговото заминување.
Имено, засега Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се клубовите кои будно ги следат неговите настапи, а за следното лето се очекува уште некој европски гигант да се вклучи во битката за неговиот потпис.
„Дејли Мејл“ дознава дека од управата на Борусија Дортмунд веќе започнале активна потрага по замена за Џејдон Санчо и се помириле со фактот дека ќе мора да го продадат следната сезона.
Договорот на Санчо истекува во 2022 година, а наредната сезона ќе му останат уште само две години од обврските кон сегашниот клуб, па тоа ќе биде единствена можност за Борусија да инкасира над сто милиони фунти на неговиот трансфер.