Американците добиваат конкуренција? Полета првиот руски напреден дрон „Охотник“

Точка

17/08/2019

10:30

4.103

Големина на фонт

а а а

Најновото руско тешко беспилотно летало „Охотник“ го имаше првиот лет во тандем со ловецот „Су-30СМ“, а видео снимка од пробниот лет го објави руското Министерство за одбрана.

Откако дронот „Охотник“ полета, неговиот лет цело време го следеше авионот „Сухој“. Инаку, првото видео од летот на овој дрон беше објавен во текот на август, а тогаш летот траеше 20-тина минути. Под контрола на оператор, беспилотното летало кружеше околу аеродромот на висина од околу 600 метри.

„Охотник“ е првото беспилотно летало кое ќе влезе во составот на руската армија кое има офанзивна намена. Изграден е по шема на „летечко крило“ со употреба на специјални материјали и облоги кои го прават практично невидлив за непријателските радари.

Опремен е со мотор од серијата „АЛ-31“ кој го користат и ловците „Су-27“, како и опрема која овозможува оптичко, електронско и радио извидување.

Исто така, на крилата на беспилотното летало ги нема вообичаените делови каде што се сместени ракетите, затоа што малата количина на оружје која ќе може да ја понесе овој дрон е сместена во самиот труп на леталото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг