Се вклопува во секој стил и е одличен избор за секоја пригода.
Елегантните маички припаѓаат во парчињата облека кои ги носиме во сите четири годишни времиња и во сите можни стилови и пригоди затоа што совршено се вклопуваат речиси во секоја комбинација.
Ги има во различни бои, дезени и модели, со кратки и долги ракави, но пред самиот крај на летото еден модел секако дека се издвоил.
Станува збор за проѕирната маица.
Дали ќе изберете целосно проѕирен модел или оној со транспарентни делови или ракави зависи од вашиот стил. Исто така бојата и дезенот изберете ги според вашиот вкус и стил, но набавете си една затоа што може да ја носите со сè.
Совршен избор како деловна комбинација, со здолниште за шетање низ град, со фармерки или шорцеви за ноќно излегување... Нема да погрешите!