Неверојатно откритие: Пингвини со големина на човек некогаш живееле на Нов Зеланд!

Точка

17/08/2019

12:30

2.799

Големина на фонт

а а а

“Пингвин чудовиште“. На Нов Зеланд откриени се остатоци од џиновски пингвин со големина на човек.

Пронајдени се фосилни остатоци од животно за кое се смета дека било високо околу1.6 метри и тешко 80 килограми. Музејот Кантербури го нарекол “пингвин чудовиште“, а животното е додадено на списокот на изумрени новозеландски животиснки видови.

„Ова е еден вид од најголеми пингвини кој некогаш е пронајден“ - изјавиле од Би-би-си.

„Тоа било карактеристично за водите на јужната полутопка“ - додале.

Се смета дека пингвините толку многу пораснале затоа што големите морски влекачи исчезнале од океанот отприлика во исто време кога исчезнале и диносаурусите.

„Тогаш настапило времето на џиновски понгвини“ - изјавил Скофилд.

Моментално највисокиот вид пингвини расте до 1.2 метри.


„Мислиме дека животните во тоа време многу брзо се развивале“ - објаснил Скофилд објаснувајќи дека температурата на водата во Нов Зеланд тогаш биле идеални, околу 25 степени целзиусови во споредба со осумте степени целзиусови од денес.

Во времето на џиновските пингвини, Нов Зеланд бил дел од Австралија за која се смета дека била поврзана со Антарктикот.

Не е целосно јасно зошто џиновските пингвини исчезнале од водите на јужната хемисфера, а според една од теориите тоа се случува поради поголемиот број на морски цицачи.

„Во времето кога се развивале џиновските пингвини, големите влекачи изумреле“ - изјавиле од Би-би-си.

Според нивните зборови, на Антарктикот и Нов Зеланд немало многу конкуренција во морето до доаѓањето на китовите и фоките кои се појавиле многу подоцна.

Изгледа дека изумирањето на џиновските пингвини поврзано е со растот на овие видови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг