Кога САД и Русија би влегле во целосна нуклеарна војна, планетата би се соочила со катастрофални последици, а пред сè со десетгодишна нуклеарна зима, велат експертите од Универзитетот Ратгерс во Њу Џерси.
По нуклеарната експлозија, тврдат авторите, во атмосферата би биле исфрлени околу 147 милиони тони чад. Потоа во наредните неколку недели тој облак од чад, носен од ветровите би ја обиколил целата Земја, а поради тоа на планетата би почнала долготрајна и нуклеарна зима.
Просечната температура на површината на планетаат би паднала до девет степени целзиусови, бидејќи облаците би ја тргнале Земјата од сончевата светлина.
A US–Russia nuclear war could 'plunge Earth into a 10-year winter', scientists findhttps://t.co/EnyDHH2FYU
— Daily Mail Online (@MailOnline) August 16, 2019
Според оцените на научниците од Универзитетот од Њу Џерси, седум години би биле потребни за да се разредат облаците од чадот, а уште три за сончевата светлина која ја има на планетата Земја да се врати во нормала.
Авторите на истражувањето заклучиле дека “нуклеарниот напад во големи мери би бил самоубиство за Земјата која го покренала истиот“ и исто така светот би имал катастрофални последици од сето тоа.