Нови детали за изгледот на најозборуваното бебе на светот

Точка

16/08/2019

18:28

5.133

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари неодамна станаа родители на преслатко момче. Гордите родители соопштиле дека бебето Арчи има црвена коса како неговиот татко.

„Тој е многу весело бебе. Има прекрасна црвена коса. Неодолив е“, открил извор блзок на кралскиот пар.

Црвената коса е наследна во семејството на принцот, бидејќи е познато дека во семејството на неговата мајка, покојната принцеза Дајана, црвената коса е често застапена. Најблиските роднини имаат црвена коса, па не е чудно што и бебето Арчи е црвенокосо.


Иако е откриено дека бебето има коса како неговиот татко, не е откриено на кого повеќе наликува, на мајка си или на татка си, пренесува Мари Клер.

„Сите велат дека бебињата можат да се променат многу брзо. Засега само набљудуваме како се менува тој за овие месеци. Неговиот изглед се менува од ден на ден, па кој знае“, изјавил принцот Хари. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг