Редит корисник тврди дека овој додаток ја прави пицата уште повкусна: “Ова е нов круг на пеколот по дебатата за ананас”

Точка

16/08/2019

17:22

3.631

Големина на фонт

а а а

Пица – за многумина омиленото јадење во секое годишно доба. И со различни додатоци.

Летото е време кога многумина почесто бираат пица со морски плодови, но и пица со невообичаени додатоци како ананас и слично. Токму таа комбинација со ананас е она за што со години се расправа – дали е генијална идеја или целосно промашување? 


Но, ваквата тема наскоро би можела да се заборави бидејќи еден маж ставил нов додаток на тронот на расправии. Имено, корисникот на Редит со прекар “WatermenlonOnPizza222” признал дека поради еден облог, пробал пица со лубеница и дека по облогот, лубеницата е неговиот задолжителен додаток во омиленото јадење.

“Обожувам лубеница на пица. Сè започна како облог, но навистина ми се допадна. Сега секогаш ставам лубеница на пицата како омилен додаток”.

Тој појаснил дека ја припрема сам, со тоа што ја додава лубеницата пред крајот на печењето и ја допекува до крај, а многумина го нарекле “луд”.


Сепак, немал непријатни искуства сè до неодамна кога го поканил својот пријател Џон на вечера кому му го сервирал своето омилено јадење со необичниот додаток. Вечерата не прошла добро, па затоа корисникот одлучил да ги праша останатите корисници на Редит што мислат за споменатата комбинација. Но, ни тука не наишол на многу одобрувања.

“Лубеница? Тоа е новиот круг во пеколот по дебатата за ананас. Мокра пица? Кој е овде луд?”, гласел еден од коментарите, а друг напишал дека обожува пица со ананас, но ова е сепак премногу.

Имало и такви кои се сложиле со идејата, нарекувајќи ја “интересна и вредна за пробување”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг