И ексцентричниот милијардер поврзан со предаторот Епстајн: Дали е ова случајна фотографија од "Оскарите"?

Точка

16/08/2019

22:35

4.479

Големина на фонт

а а а

Произведувачот на електрични автомобили "Tesla" ги демантирал наводите на медиумите дека извршниот директор на компанијата, Илон Маск, барал совет од финансиерот педофил Џефри Епстајн кога минатата година барал нов претседател на компанијата.

"Не е точно да се каже дека Епстајн некогаш го советувал Илон за било што", рекол портпаролот на Маск. 

Новинар на "New York Times" неодамна објавил дека Епстајн за време на едно интервју во 2018-та година му рекол дека го советува Маск во потрагата по нов претседател на одборот на "Tesla". Тој исто така истакнал дека се сретнал со Епстајн откако ги слушнал гласините дека го советува Маск во текот на турбулентниот период низ кој минувала автомобилската компанија.

Епстајн, за кој се наведува дека имал блиски врски со повеќе политички и финансиски лидери, е пронајден мртов во својата ќелија во саботата, каде чекал обвинение поради сексуална трговија со малолетнички.

Маск во август минатата година го шокирал Волстрит кога објавил дека размислува да ја приватизира "Tesla". На крајот го отфрлил овој план, а Комисијата за хартии од вредност подоцна го тужела поради измама и сакала да му забрани да води било која јавно компанија во САД. Маск и Комисијата брзо го решиле спорот со договор, која на претприемникот му овозможил да остане извршен директор на "Tesla", но морал да ја напушти функцијата претседател на најмалку 3 години. "Tesla" минатиот ноември на таа функција го поставила Робин Денхолм.

Како што пренесува "New York Times", Епстајн рекол дека Маск никогаш директно не го контактирал, туку рекол дека примил мејл од некој многу близок до него. Секако, не е наведено за која личност станува збор, а "New York Times" укажува дека изјавите на Епстајн биле прилично нејасни. Финансиерот педофил тогаш исто така рекол дека ветил дека својата работа за "Tesla" ќе ја држи во приватност поради претходните негови осуди и предупредил дека Маск и неговата компанија ќе демантираат било каква врска со него доколку тоа излезе во јавност.

Иако портпаролот на Маск демантирал дека Епстајн некогаш го советувал неговиот шеф, се појавила фотографија на која директорот на "Tesla" стои покрај Гислејн Максвел, која наводно била "мадам" на Епстајн.

Маск и Максвел се фотографирани на забава по повод доделувањата на Оскарите, која ја направил поранешниот уредник на "Vanity Fair", Грејдон Картер на 2-ри март 2014-та година во западен Холивуд, која била полна со ѕвезди - од Бредли Купер, Тејлор Свифт, Ед Ширан, Џудит Хол и Лупита Нјонг'о, до Елтон Џон, Шерил Кроу, Џон Траволта, Семјуел Л. Џексон, Софија Вергара и други.

"Гислејн едноставно се појавила зад него, без негово знаење, додека тој позирал за фотографијата", објаснил портпаролот на Маск за "Business Insider".

Максвел, поранешна девојка на Епстајн, е обвинета дека му помагала на финансиерот да ги пронајде своите жртви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг