Агентот на Перишиќ откри дека Конте бил многу лут и останал изненаден кога Хрватот му ја соопштил одлуката за заминување

Дерби

16/08/2019

20:40

1.811

Големина на фонт

а а а

Иван Перишиќ пред два дена и официјално го промени клубот откако се реши да се врати во Бундеслигата и да потпише за Баерн Минхен.

Хрватскиот интернационалец во Минхен пристигнува на едногодишна позајмица, а германскиот клуб ќе има можност целосно да го откупи неговиот договор.

Во јавноста се шпекулираше дека Антонио Конте му дал до знаење на Перишиќ дека не е пожелен во клубот, но тоа го негираше агентот на фудбалерот кој истакна дека Конте лично му кажал на Перишиќ дека е многу лут поради таквите новинарски написи.

– Перишиќ е многу, многу среќен. Баерн е најдобриот клуб за него. Иван е презадоволен со клубот и се околу него. И во Интер му беше прекрасно, но ова е чекор напред за него. Враќање во Интер следната сезона? Никогаш не вели никогаш, но не можам за тоа специфично да одговорам. Конте беше изненаден кога Иван му кажа дека ќе замине. Откако беше објавено во медиумите дека тој не е посакуван во клубот, Конте на еден од тренинзите му кажа дека е многу лут со новинарските написи и дека тоа што е напишано е глупост. Сепак, понудата од Баерн промени се, тоа е вистината, -истакна агентот на Иван Перишиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг