Матуиди одбил враќање во Лига 1 и пред себе поставил јасна цел

Дерби

16/08/2019

20:03

1.483

Големина на фонт

а а а

Искусниот играч од средниот ред, Блаз Матуиди одбил да се врати во францускиот шампионат од каде пристигна во Јувентус пред неколку години.

Понуда до Матуиди испратил тимот на Монако кој ќе се обиде да се врати во врвот на францускиот фудбал по кошмарната ланска сезона во која едвај се спасија од испаѓање.

Сепак, францускиот фудбалер ја одбил понудата и можноста да се врати во Лига 1 затоа што пред себе си поставил јасна цел, да се избори за првотимски статус под водство на Маурисио Сари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг