Јувентус посакува фудбалер на Барселона, следните денови клучни за реализација на трансферот

Дерби

16/08/2019

19:30

1.768

Големина на фонт

а а а

Од редовите на Јувентус сериозно се заинтересирале во своите редови да донесат еден од најголемите таленти на Барселона.

Шампионот на Италија го посакува младиот лев бек на каталонскиот тим, Хуан Миранда. 19 годишниот фудбалер речиси сигурно нема да добива шанса од клубот оваа сезона затоа што пред него се искусниот Жорди Алба и новото засилување, Жуниор Фирпо.

Јувентус за Миранда нуди 10 милиони евра, сума која не е прифатлива за Барселона која сака да го испрати играчот на позајмица во Марсеј.

Следните денови од Торино треба да испратат повисока понуда, доколку сакаат да го ангажираат фудбалерот на перманентна основа.

Од Јувентус се надеваат дека ќе го убедат неговиот агент со кого имаат одлична соработка затоа што тој е агент и на најновото засилување на клубот, Данило.



Спонзорирани линкови

Маркетинг