Речиси цело лето се пишува дека Столе Димитриевски би можел да си замине од редовите на Рајо Валјекано.
Клубот испадна во втората по ранг лига во Шпанија, па се веруваше дека Димитриевски ќе си оди затоа што за него интерес имаше од неколку стабилни членови на Ла Лига.
Сепак, сега „Марка“ пренесува дека нашиот репрезентативен голман ќе го продолжи договорот со Рајо до 2023 година.
Кога Пако Хименез пристигна во Рајо се одлучи да го седне нашиот голман на клупата и шанса да му даде на искусниот Алберто Гарсија, но сега Димитриевски верува дека ќе може да се врати меѓу стативите и се согласил да го продолжи договорот со клубот.