Тајната е откриена по половина милениум: Под ремек делото на Да Винчи се криело вистинско богатство!

Точка

16/08/2019

15:10

6.272

Големина на фонт

а а а

Откриено е дека на истото платно Да Винчи започнал цртеж, а потоа се откажал и над него го насликал делото на кое човештвото се восхитува повеќе од пет векови.

„Напуштената композиција“ на Леонардо Да Винчи пронајдена е под една од неговите најпознати слики „Богородица во пештерата“, соопштила Националната галерија во Лондон.

„Богородица во пештерата“ е предвидена како централен експонат на изложбата посветена на ренесансниот гениј која се подготвува во лондонската галерија. Експертите кои работеле на подготовките на ремек делото, односно кои што го поставувале, случајно забележале дека под нејзината површина таа крие вистинско богатство.

Откриено е дека Да Винчи на истото платно почнал цртеж, а потоа се откажал и над него нацртал дело на кое сите се восхитуваме.

На платното се воочени почетните потези на ангел и бебе Исус, како и отпечатоци од рака на уметник или асистент.

Споредувајќи ја познатата слика со снимката на онаа под неа која се гледа како цртеж, може да се воочи дека Леонардо го сменил аголот на главата од бебето Исус.

Се гледа дека се откажал од првобитната композиција на двете фигури и дека повеќе го открил лицето на ангелот и повеќе го доближил до Господ.

Цртежите се откриени затоа што се изработувани од материјал со цинк кој е видлив под X-зраци.

Откритието дошло непосредно пред изложбата посветена на Да Винчи која најмногу ќе се фокусира на „Богородица во пештера“ која првобитно била олтарна слика во капела посветена на безгрешниот зачеток на Исусовата мајка Марија.

Приземјето на Националната галерија ќе биде посветено на ова ремек дело, а опкружувањето ќе биде во облик на капела за да се рекреира неговото првобитно поставување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг