Најмладата сестра од кланот Кардашијан-Џенер, инспирација за својот последен аутфит пронашла во старите фотографии на своите сестри.
22-годишната Кајли Џенер, на Инстаграм објавила галерија со фотографии од своето летување, кое после Италија го продолжила на југот на Франција. На фотографиите носи интересно цветно фустанче со ремени и полни ракави, и едно неудобно парче облека кое пред десетина години го обожуваа Ким, Клои и Кортни.
Станува збор за корсет, а Кајли избрала бел, свилен модел во стил на долна облека и го стегнала преку фустанот.
Изгледот го надополнила со рамни бели папучи, розева ташна и уште еден необичен пар наочари со проѕирни стакла и бисери.
Кајли во галеријата која ја објавила позирала со својата ќерка Сторми и нејзиниот татко, раперот Травис Скот, кој ги изненади фановите, бидејќи ретко го гледаме насмеан.