Научниците биле воодушевени. Ова момче (12), минатиот месец пронашло катник од мамут во летувалиште североисточно од Охајо.
„Дванаесетгодишниот Џексон забележал заб во близина на Хани Ран во текот на фамилијарното собирање за правење групна фотографија. Неколку научници го верификувале горниот трет заб на мамутот!“ - објавиле на Фејсбук од тоа летувалиште.
Момчето раскажало дека се фотографирало со своето семејство на мостот, а потоа видел еден заб кој “ѕирка“ од земјата.
Мамутите се исчезнати пред 4.000 години. Овој заб припаѓа на видот мамути кои воглавно живееле на Сибир.
Во 2012-та година археолозите од Франција пронашле цел, целосно сочуван скелет од влакнест мамут. Тоа ја поттикнала идејата кај научниците за можното клонирање на овие изумрени животни, но многумина се согласиле дека парите за тоа подобро би било да се искористат за помагање на живите животни.