Од мали нозе ги учат децата на омраза: Две палестински деца со нож нападнаа израелски полицаец во Ерусалим

Точка

16/08/2019

11:59

1.308

Големина на фонт

а а а

Двајца малолетни Палестинци во четвртокот со нож нападнаа израелски полицаец во Ерусалим, при што еден од напаѓачите веднаш бил убиен, соопштија од израелската полиција.

На видео снимката која е објавена на израелската национална телевизија, а потоа се прошири и на социјалните мрежи, може да се види како напаѓачите му приоѓаат на полицаецот кај ѕидините од капијата на Стариот град, извлекуваат ножеви и го напаѓаат.

Полицијата потоа отвори оган, а како што потврдија од министерството за внатрешни работи на Израел, двајцата напаѓачи биле малолетни.

Портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд откри дека вториот напаѓач бил пренесен во болница, а повредите кои што ги добил полицаецот биле од умерен интензитет.

Од палестинското Министерство за здравство потврдија дека ден од палестинските напаѓачи бил убиен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг