Откако го покажа двоглавиот орел и играше шота, Дуа Липа доби графит во центарот на Приштина

Точка

15/08/2019

20:25

8.651

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа на графитот е претставена како современ воин.

Дуа Липа (23) во петокот на 2-ри август присуствувала на фестивалот „Sunny Hill“ кој се одржува во Приштина, а во еден момент се опуштила и ги поздравила сите присутни и тоа покажувајќи го двоглавиот орел, симболот на „Голема Албанија“.

Потоа, Дуа Липа прекриена со албанското знаме во Приштина заиграла “шота“ со пораката која ја напишала: „Некоја вечер само треба да станеш и да покажеш колкава Албанка си“.

Очигледно со овие гестови ги освоила поедини жители на Приштина затоа одлучиле фасадата на една од зградите која се наоѓа таму да ја украсат ни помалку ни повеќе со нејзиниот лик.


Дуа Липа неодамна донирала 150.000 евра за основање на музичка академија во Приштина која ќе им служи на младите таленти.

Дуа на графитот е претставена како современ воин.

Срамен потег имала и пејачката, нејзината другарка, скандалозната Мајли Сајруз (26) која Дуа Липа ја нарекла „Кралица на Косово“.

Иначе Дуа Липа често пати знаела да го разбесни српскиот народ, а пејачката која јавно ја прозивала била Јелена Карлеуша (40).

Кога во јуни 2018-та година репрезентацијата на Швајцарија го совладала националниот тим на Србија со резултат од 2:1, Џердана Шаќири и Гранита Џака прославиле со покажување на двоглав орел, Дуа Липа се израдувала и нивната “прослава“ ја објавила на профилот на социјалната мрежа.


„Оваа Дуа Липа изгледа дека е сериозна будала“ - напишала тогаш Јелена.

„Ќе сака ли некој веќе еднаш засекогаш да го забрани емитувањето на оваа Дуа Липа на нашите радио станици“ - објавила потоа и Гоца Тржан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг