НАСА на Исланд се подготвува за мисија на Марс

Точка

15/08/2019

17:00

1.554

Големина на фонт

а а а

Со цел да се подготви за својата идна мисија на Марс во 2020-та година, НАСА „слета“ на Исланд, каде што планира да се увери дека нејзиниот нов вселенски ровер е подготвен за предвидената работа.

Со својот црн песок, ветровити дини и карпести врвови, подножјето на вториот најголем исландски глечер Лангјокул е совршена локација за симулирање на површината на Црвената Планета.

Петнаесет научници и инженери од НАСА таму ќе поминат три недели со цел да го усовршат прототип-роботот што треба да ја продолжи работата на роверот „Кјуриозити“ што го истражува Марс од 2012-та година.

Експертите велат дека Исланд, вулкански остров среде северниот Атлантик, на многу начини потсетува на четвртата планета од Сонцето.

„Исланд е многу добра аналогија за истражување на Марс и за студирање на карактеристиките на роверот“, рекол Адам Деслаурие, вработен во канадска компанија платена од НАСА за тестирање на прототипот на новиот ровер.


Прототипот е мало електрично возило со четири тркала, два мотори и 12 акумулатори за мали автомобили.

„Тој ровер е во основа неуништлив“, вели Деслаурие.

„Нашите ровери наменети за Месечината и Марс, всушност, ќе имаат повеќе проблеми во Исланд, бидејќи, на пример, тие се целосно неподготвени за дожд“, додал тој.

Возилото е опремено со сензори, компјутер и камери, а тежи околу 570 килограми и се движи со брзина од 20 сантиметри во секунда.

Возилото мора да биде толку бавно за да може правилно да собира податоци и да ги испраќа на Земјата, објаснуваат експертите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг