Алексис сака да замине од Манчестер Јунајтед, три клуба од Серија А се интересираат за него

Дерби

15/08/2019

17:20

1.121

Големина на фонт

а а а

До крајот на преодниот рок фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез ќе инсистира да биде продаден од клубот.

Чилеанецот посочил дека сака да си замине од Манчестер Јунајтед, а засега за него постои интерес од неколку клубови од Серија А.

„Дејли Мејл“ пренесува дека за 30 годишниот фудбалер се интересираат Јувентус, Наполи и Милан, а од редовите на Јувентус веќе оствариле средба со неговиот агент, Фернандо Феличевич.

Сепак, проблем очигледно претставуваат примањата на фудбалерот кои се блиску до 500.000 фунти неделно, нешто што е тешко за плаќање и за многу финансиски постабилни клубови од Наполи и Милан.

Оле Гунар Солскјер неодамна изјави дека очекува фудбалерот да остане во Манчестер Јунајтед и оваа сезона и посочи дека ќе смета на него за натпреварите кои следат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг