Бендот Металика донирал 250.000 евра за првата онколошка болница во Букурешт: „Ова не го ни сонувавме“

Точка

15/08/2019

16:10

2.674

Големина на фонт

а а а

„Последната етапа од турнејата почнува со многу посебна донација“, соопштила хуманитарната организација „All Within My Hands“ која ја основала Металика.

Американскиот хеви-метал бенд Металика поклонил 250.00 евра на здружение кое во Букурешт ќе ја гради првата детска онколошка болница во Романија.

„Тоа е гест за кој не ни сонувавме“ - изјавила Кармен Ускати, една од основачите на романската невладина организација „Daruieste Viata“ (Подари живот).


Металика синоќа одржа концерт во Букурешт, а следниот настап во рамките на турнејата „WorldWired“ ќе биде утре во Виена.

Во Романија смртноста на децата заболени од рак е двојно зголемена од европскиот просек, наведуваат од AFP. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг