Додале сол на раната! По оваа сцена Роџер ќе пукне од мака: Вака навивачите на Ѓоковиќ во Синсинати го “провоцираат“ Швајцарецот

Точка

15/08/2019

15:10

4.639

Големина на фонт

а а а

Походот на Новак Ѓоковиќ за одбрана на трофејот започна.

Новак Ѓоковиќ синоќа го одигра првиот натпревар по финалето на Вимблдон во кое славеше по речиси пет часа игра. Во тој натпревар Федерер имаш две меч топки кои не успеа да ги искористи.

Одличната игра против Сем Квери, Ѓоковиќ ја приреди за своите навивачи кои уживаа во добриот тенис, особено во доминантноста на првиот сервис кој му одеше од рака на Србинот.

Колку неговите навивачи и фанови си поминуваат убаво на натпреварите на Ѓоковиќ, покажува и оваа фотографија од Синсинати каде што двајца од фановите сакале да потсетат на подвигот на Новак.


Овие двајца навивачи во рацете држеле хамери на кои пишувало “Федерер -40“, „Ѓоковиќ -15“ што јасно алудира на моментот кога Швајцарецот имаше две шанси да стигне до деветтиот трофеј на Вимблдон.

Сите знаеме што се случи и како Новак направи пресврт во финалето во своја корист. Нема сомнеж дека тоа финале на Вимблдон некогаш ќе се заборави, а особено ќе остане врежано кај Федерер кој минатата година во Синсинати изгуби токму од Новак во финалето.

Србинот ќе се обиде да го надополни својот успех од минатата година кога ги освои сите Мастерси (Златен Мастерс) затоа што има шанса за секој Мастерс турнир да има по минимум два трофеи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг