Ова е кралското модно правило со кое Меган Маркл не може никако да се помири

Кармин

15/08/2019

14:05

5.785

Големина на фонт

а а а

Да се биде член на кралското семејство има многу предности, но и маани.

Постојат бројни правила кои треба да ги почитувате, од начин на однесување до строго правило за облекување. Откако се приклучила на кралското семејство, војвотката од Сасекс Меган Маркл морала сите тие правила да ги прифати, но со едно од нив никако не може да се помири.


Кралскиот протокол налага дека женските членови на семејството кога се во присуство на кралицата Елизабета II не смеат да носат фармерки или панталони, а токму тоа правило најмногу ја фрустрира војвотката која е голем љубител на фармерки и панталони.

„Тешко ѝ е да ги прифати правилата на кралското семејство, тука е и фактот што кралицата преферира да ги гледа жените во здолништа повеќе отколку во фармерки, па Меган често го прашува Хари зошто тоа мора да биде така. Мислам дека тоа понекогаш ја фрустрира, но тоа е нејзин живот со кој мора да научи да живее“ - раскажал извор близок на Меган за некое списание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk