Најпопуларната плус сајз манекенка објави неверојатни вести: После 9 години љубов, изненадување за сите!

Точка

14/08/2019

21:31

7.128

Големина на фонт

а а а

Најпознатата плус сајз манекенка на светот, Ешли Грахам, објави радосни вести токму на годишнината од бракот со својот сопруг.

Таа се снимала со Џастин Ирвин, на кого му се заблагодарила на неизмерната љубов, а се гледал и трудничкиот стомак.


„Изненадување“, рекла таа, а потоа во крупен кадар го покажала својот труднички стомак.

„Пред девет години се венчав со љубовта на мојот живот. Тоа беше прекрасно патување со мојата најдрага личност на светот. Денеска се чувствуваме толку благодарно, возбудено и благословено, бидејќи можеме да го прославиме проширувањето на нашето семејство. Среќна годишница. Животот ќе стане уште поубав“, напишала манекенката на својот Инстаграм профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг