Монструмот од Нов Зеланд испрати писмо од затвор: Текстот од шест страни се појави на расистички сајт!

Точка

14/08/2019

20:50

4.953

Големина на фонт

а а а

Официјални претставници на Нов Зеланд денеска признаа дека направиле грешка дозволувајќи му на Брентон Терант, обвинет за убиство на 51 лице во две џамии во Крајстчрч, да испрати писмо од неговата затворска ќелија.

Писмото на Брентон Терант на шест страници беше објавено неделава на интернет-страницата „4chan“, која стана озлогласено место на кое белите расисти ги искажуваат своите ставови, објави агенцијата AP.

Писмото е објавено во чувствително време, кога други наводни убијци од Ел Пасо до Норвешка го посочуваат Терант како инспирација за своите напади, пренесува агенцијата.

Текстот е напишан со молив во мал нотес и е упатен до извесен Ален во Русија.

Голем дел од писмото изгледа релативно безопасно и зборува за едномесечното патување на Терант во Русија во 2015-та година.

Но, тој исто така предупредува дека ќе дојде до голем конфликт и користи јазик што може да се толкува како повик за земање оружје.

Министерот Келвин Дејвис во изјава рекол дека смета дека затворскиот систем не требало да му дозволи на Тарант да го испрати писмото.

„Јас јасно ставив до знаење дека такво нешто не може да се повтори“, рекол Дејвис.

Но, Дејвис сепак истакнал дека сите затвореници во Нов Зеланд имаат права што вклучуваат можност за испраќање и примање пошта. Тој посочил дека во случај како на Терант може да бидат направени одредени исклучоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг