Џонсон повторно се извлече пред судот: Одбиена е жалба на одлуката да не му се суди поради наводното лажење за Брегзит

Точка

14/08/2019

20:17

1.749

Големина на фонт

а а а

Високиот суд на Велика Британија го отфрли барањето на бизнисменот, Маркус Бол, да се жали до Врховниот суд на одлуката да не му се суди на премиерот Борис Џонсон поради наводното лажење за Брегзит.

Лондонскиот суд одлучил во мај да го повика Џонсон да се појави во институцијата поради предистрага, со која ќе се утврди дали предметот ќе му биде даден на друг суд, поради сомнеж дека во кампањата во 2016-та година за референдум во врска со Брегзит - лажел околу цената за членство на Велика Британија во ЕУ.


Одлуката ја поништил Високиот суд во Лондон.

Маркус Бол го обвинил Џонсон дека пред референдумот во 2016-та година, додека сè уште бил градоначалник на Лондон, наводно свесно лажел тврдејќи дека Велика Британија му уплаќа на Брисел 400 милиони евра неделно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг