Најмоќната економија на Европа на колена! Германија на работ на рецесија, светот во шок

Точка

14/08/2019

17:16

6.673

Големина на фонт

а а а

Германската економија регистрирала пад во вториот квартал на 2019-та година, што поттикнало загриженост од влегување на еврозоната во рецесија, пренесува британскиот весник "Guardian".

Најголемата европска економија паднала за 0,1 процент во периодот април-јуни 2019-та, по растот од 0,4 проценти во првите три месеци од оваа година. 

Германија во минатиот квартал забележала "благ пад на економските перформанси", како резултат на падот на извозот, соопштила германската Федерална канцеларија за статистика.

На годишно ниво, германската економија пораснала по стапка од 0,4 проценти, што е најслаб резултат во последните неколку години.

Таквите податоци потврдуваат дека Германија претрпела удар поради забавувањето на глобалната економија и американско-кинеската трговска војна, која ја нагризала побарувачката за германските производи.

"Развојот на ситуацијата во надворешната трговија го забави економскиот раст, бидејќи извозот забележа голем квартален пад во однос на увозот", соопштиле од "Destatis", пренесува "BBC".

И забавувањето на кинеската економија ја ослабело побарувачката за роба од странство, која од Германија купува многу луксузни автомобили.

"Суштината е дека германската економија се наоѓа на раб на рецесија", смета Ендру Кенингем од "Капитал Економикс", и додава дека на извозниците им се заканува уште поголем потенцијален проблем ако Британија на 31-ви октомври излезе од ЕУ без договор.

За целата 2019-та година, владата во Берлин прогнозира раст од само 0,5 проценти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг