Пакистан бара состанок на Советот за безбедност на ОН поради спорот за Кашмир со Индија

Макфакс

14/08/2019

13:22

770

Големина на фонт

а а а

Пакистан ги повика членовите на Советот за безбедност на ОН да се позанимаваат со агресивните активности на Индија откако Њу Делхи му ја укина автономијата на Кашмир и наметна полициски час во делови од регионот, пренесува РТ.

„Неодамнешните агресивни активности на Индија го кршат меѓународното право и намерно го поткопуваат меѓународно признатиот оспорен статус на Џаму и на Кашмир“, напиша пакистанскиот шеф на дипломатија Шах Махмуд Куреши во писмото до СБ на ОН.

Претходно месецов Индија го укина повеќедеценискиот статус на самоуправа на Кашмир. Властите тврдат дека промената ќе помогне во борбата против тероризмот и за подобро интегрирање на регионот во остатокот од земјата. Стравувајќи од појава на насилство, Индија воведе полициски час во делови од Кашмир, ветувајќи дека ќе ги укине ограничувањата во иднина.

Исламабад, кој ја смета целата територија на Кашмир за своја, остро се спротивстави на овој потег. Премиерот Имран Кан предупреди дека политиката на Индија ќе доведе до насилство ако меѓународната заедница не успее да интервенира.

„Пакистан нема да предизвика конфликт. Но, Индија не треба да ја смета нашата воздржаност за слабост“, рече Куреши пред членовите на Советот за безбедност на ОН. Дипломатот рече дека Пакистан ќе се одмазди ако Индија реши повторно да прибегне кон употреба на сила.

Огорчените ривали беа на чекор од војна во февруари. Се случија прекугранични бомбардирања и отворена воздушна борба, поттикнати од воздушен напад во Пакистан, насочен кон, како што рече Индија, кампови на милитантна група која извела терористички напади на нејзината територија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг