Универзитет во Лондон ги исфрли хамбургерите од менито поради климатските промени

Макфакс

14/08/2019

12:41

165

Големина на фонт

а а а

Хамбургери и други јадења од говедско месо се исфрлени од менито на универзитетот Голдсмитс во Лондон поради борба против климатските промени, јавува Си-ен-ен.

Универзитетот Голдсмитс во Лондон одлучи да ги отстрани сите говедски производи од својот кампус за да постигне неутралност на јаглерод до 2025 година бидејќи тоа испушта околу 3,7 милиони кг јаглерод годишно.

Одлуката ќе стапи на сила во септември, со почетокот на новата учебна година, а ќе влијае на сите кантини, кафулиња и продавници за храна на Универзитетот.

Планирано е да се воведе и мала такса од 10 центи за оние студенти кои продолжуваат да користат флаширана вода, како и пластични чаши за еднократна употреба за да ги намалат и на крајот да ја спречат нивната употреба, а парите од таа такса ќе одат во „фондот за зелена студентска иницијатива”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг