Асани со поддршка за Заев: “Не сум навреден, тој го употреби зборот за да означи подлец и никаквец”

Точка

14/08/2019

15:20

2.694

Големина на фонт

а а а

Активистот за правата на ЛГБТИ заедницата, Беким Асани, излезе со поддршка за премиерот Зоран Заев, по изјавата која наиде на осуда од страна на македонската јавност.

Во вчерашното излагање, Заев изјави дека “нема да дозволи криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја срушат власта”, а по многубројните критики на сметка на премиерот се огласи и Беким Асани. 

“Воопшто не се чувствувам навреден, како може оваа власт која за две години направи толку многу за ЛГБТИ, сега така остро да се напаѓа. Во македонскиот речник јасно се знае што значи “педер” и нема потреба да се чувствувам навреден. Мене по десет пати на ден ме викаат “педер” на улица”, вели Асани за Фокус.

Активистот вели дека актуелната влада преку законските регулативи ги унапредува правата на ЛГБТИ заедницата и потсетува на неодамна донесениот Закон за заштита од дискриминација каде се внесени сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација, како и на првата парада на гордоста во Скопје.

“Заев и неговите министри континуирано не' поддржуваат и присуствуваат на наши настани. Не е коректно да се напаѓа така фронтално, а да се заборави што се направи. Оваа земја е лидер во почитување на ЛГБТИ правата”, изјави Беким кој смета дека нема да се намали поддршката на ЛГБТИ заедницата кон Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг