Неверојатна одлука на "Lufthansa"! Не им даваат отштета на семејствата на 150-те патници кои копилотот ги убил кога го забил авионот во Алпите

Точка

14/08/2019

12:36

2.365

Големина на фонт

а а а

Германската авио-компанија "Lufthansa" предизвикала бес кај семејствата на 150-те загинати во падот на авионот на нивната подружница "Germanwings" пред четири години, бидејќи одбила да им плати отштета.

Тешко депресивниот копилот Андреас Лубиц во март 2015-та година намерно го урнал авионот на "Germanwings" со 150 патници во далечниот предел на француските Алпи. 

Остатоците од авионот и жртвите биле расфрлени по падините на Алпите.

Семејствата на жртвите бараат отштета за болката и патењето од "Lufthansa", но оваа компанија не планира тоа да го плати. Издадено е соопштение во кое се наведува дека нема основа за исплата на компензација, бидејќи патниците не чувствувале тензија поради неизбежна смрт.

"Lufthansa" планира да докаже дека смртта на патниците била брза и неочекувана, и дека патниците не ни забележале дека авионот ќе падне. Адвокатите на германската компанија бараат од судот во Есен да ги одбие барањата на семејствата на жртвите.

Семејствата тврдат дека патниците биле свесни дека нешто ужасно ќе се случи и дека се плашеле за своите животи. Пред падот на авионот Лубиц се заклучил во кокпитот и така го спречил пилотот да влезе и да го спречи во неговата намера. Пилотот очајнички тропал на вратата, што патниците сигурно можеле да слушнат и видат.

"Терминот тортура е недоволен да опише низ што минале тие луѓе. Тие морале да бидат свесни дека им преостанале минути живот", изјавил Елмар Гиемул, адвокат кој ги претставува семејствата на 40 жртви.

Семејствата првобитно барале до 25.000 евра по жртва, а бараат уште 25.000 евра компензација поради "повреда на морал". Судот ќе се изјасни наесен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг