Совет за етика: Изјавите на Заев се недолични за носител на јавна функција

Макфакс

14/08/2019

12:08

474

Големина на фонт

а а а

Вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека нема да дозволи суетен новинар да ја симне Владата од власт, Советот за етика во медиумите (СЕММ) ја оценува како недолична и несоодветна за носител на јавна функција.

„Улогата на власта во демократијата во ниеден случај не смее да значи нивно мешање во работата на новинарите, а ваквите изјави може да се сметаат за отворен притисок и обид за јавна дискредитација на професијата, од која се очекува да даде одговор на прашања од интерес на јавноста“, стои во соопштението.

Од Советот за етика ја осудуваат и, како што велат, непримерната изјава на премиерот со која директно се стигматизира ЛГБТИ-заедницата во државата, во услови кога оваа заедница долго време се залага за ослободување на јавниот дискурс од дискриминаторен и потценувачки однос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг