Славната пејачка обвинета за наводно сексуално злоставување, манекенот изнел шокантни тврдења

Точка

14/08/2019

10:11

5.763

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кејти Пери пред една недела доби тужба поради плагирање на својот хит “Dark Horse”, а сега повторно се најде во екот на скандал поради наводното злоставување на главниот актер Џош Клос во спотот за песната “Teenage Dream”.

Имено, како што објаснил Клос во својата објава на Инстаграм која подоцна ја избришал, тој бил на забава во Холивуд за неговиот пријател кој е голем обожавател на Пери да ја запознае славната пејачка. 

Забавата се случила само неколку недели по излегување на мега популарниот спот за споменатата песна.

Тогаш Кејти, според неговите зборови, се обидела да му ги соблече шорцевите за да го покаже неговиот полов орган пред своите геј пријатели.

“За тоа зборувам дури сега, и тоа затоа што моменталната состојба во општеството ги прикажува мажите како перверзници. Меѓутоа, и жените кои имаат моќ во своите раце се подеднакво гнасни”, напишал манекенот во својата Инстаграм исповед.

“Среќна годишнина од моето злоставување. Тоа беше работа која најмногу ме збуни и понижи”, порачал Џош.

На прашањето зошто дури сега зборува за тоа, тој вели дека бил премногу истрауматизиран за да признае, но потоа решил да почека за да не биде обвинет од страна на јавноста дека сака да се прослави на сметка на пејачката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг