Со „Југо“ на пат околу светот: Неверојатна авантура во која за 70 дена поминал 15.000 километри и стигнал дури до Австралија

Точка

13/08/2019

16:15

2.074

Големина на фонт

а а а

Момчето Нинослав се упатило кон неверојатна авантура и за 70 дена поминало 15.000 километри.

Нинослав Трајковиќ, познат по своите патувања со „југо“ стигнал до Монголија и Африка, а овојпат се вратил и од Австралија каде што пред два месеци тргнал со своето „југо“.

Својот “миленик“ поради скапите трошоци за транспорт го оставил во Њу Делхи, а до Австралија продолжил со авион, но затоа таму со помош на иселениците од Србија, пронашол некое регистрирано „југо“ и своето патување во земјата на кенгурите го продолжил во свој стил.


Не го изневерило

Нинослав вели дека за 70 дена поминал 15.000 километри и дека неговото „југо“ наречено „Рина“ ни овојпат не го изневерило.

„Кога ќе ги соберам впечатоците, монголската тура ми беше најтешка, афричката најлуда, а австралијанската експедиција со „југото“ најубава. Австралија е прекрасна и уредена земја на која човек брзо се навикнува, но посебен впечаток врз мене оставија Тајланд и Иран. Признавам, особено кога станува збор за Иран, дека таму се упатив со сите можни предрасуди.


Меѓутоа на крајот се воспостави дека Иранците се еден од најљубезните народи кои досега сум ги сретнал, а и земјата им е преубава иако не е доволно туристички развиена. Во текот на едно патување по пустина наидов на оаза и водопад и тоа ќе го паметам целиот живот“ - раскажал Нинослав.




Спонзорирани линкови

Маркетинг