Сериозно предупредување: Кина доведува војска на границата со Хонг Конг

Точка

13/08/2019

20:38

2.324

Големина на фонт

а а а

Кина носи трупи на границата со Хонг Конг, каде речиси три месеци траат повеќемилионски протести. Колони од оклопни возила и камиони се протегаат со километри и ги блокираат авто-патите и градските улици.

Официјален Пекинг соопштил дека војската и другите единици на разузнавачките служби започнале големи воени вежби, кои никако не се поврзани со уличните нереди. 

Порталот "Business Insider", јавил дека во Шенжен, кој се наоѓа на само 25 километри од границата со Хонг Конг, се собрале кинески воени возила, што претставува предупредување за демонстрантите.

На социјалните мрежи се објавени видео-снимки од долгите колони воени возила кои влегуваат во Шенжен.

Претходно, поради новиот бран протести и масовни штрајкови на аеродромот во Хонг Конг сите летови биле откажани.

Илјадници демонстранти провалеле во аеродромската зграда и ја парализирале работата, а финансиските загуби се повеќемилионски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг