Катерина Колозова: “Сонцето ништо не нѝ значи, никогаш не било дел од нашиот фолклор”

Точка

13/08/2019

16:13

3.047

Големина на фонт

а а а

Џејсон Мико, поранешен почесен конзул на Македонија во Аризона, се огласи по повод веста од грчкиот весник “Катимерини” дека “Северна Македонија го забрани Сонцето од Вергина на јавни простори”.

Тој на својот Твитер профил напиша дека сегашната влада на Македонија никогаш нема да може да го исполни тоа од најразлични прилини, а новата влада ќе го игнорира. 

“Симболот се наоѓа на работи ископани од под земја и во културни артефакти, кои датираат од пред (постоењето на) земјата, низ цела Македонија”, напишал Мико на Твитер.

На неговиот твит возврати и Катерина Колозова, извршен директор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, која тврди дека сонцето никогаш не било дел од нашиот фолклор.

“Мико, сонцето ништо не ни значи, никогаш не било дел од нашиот фолклор, нигде никаде, ниту од симболизмот патриотски – во 90-ти го лансираше службашот Тодор Петров. Ова е новокомпониран патриотизам: антички, и во суштина антимакедонски”, пишува Колозова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг