Тропски горештини на Балканот, во Македонија и Грција како во пекол: Септември ќе биде идеален! Детална прогноза за целиот месец

Точка

13/08/2019

20:58

7.376

Големина на фонт

а а а

Вчера беше врвот на топлинскиот бран кој го пече Балканот. Температури над 40 степени Целзиусови се забележани во Хрватска, Црна Гора, БиХ. Жешко било и на југот, во Македонија и Грција, а во Србија највисоката дневна температура изнесувала 38 степени.

Овој жежок бран ќе се задржи до денес, а потоа ќе можеме да воздивнеме. По пеколниот август летото полека влегува во својата завршница, но за оние кои планираат годишен одмор во септември добра вест е дека цел месец ќе биде топло и без дожд, со идеални температури кои ретко ќе надминат 30 степени. 

Се до 6-ти септември ќе задржат температурите до 30 степени. Потоа, од 7-ми до 14-ти септември следи нов пад на температурите, но исто така постепен. Максималните дневни температури и натаму ќе бидат релативно високи и ќе изнесуваат околу 25 степени во просек.

Вонредно за овој период од годината ќе биде на југот на Грција, односно околината на Атина и Пелопонез. Температурите ќе бидат високи и на средоземните острови. Освен познатите летувалишта во околината на Солун, топло време во текот на септември се очекува и на западот на Грција, Лефкада и околните острови.

Слично време, со температури од 20 до 25 степени и со повремени врнежи, ќе се задржи во текот на втората половина од месецот. Цел септември ќе биде во главно сув и топол. Судејќи по се, ова лето ќе може да конкурира за едно од најтоплите на Балканот во последните 127 години.

"Најтопло било во 2012-та година, а по него следи летото од 1946-та, кога во септември биле измерени 41,8 степени. Ова лето би можело да го заземе третото место во минатите 127 години", вели Недељко Тодоровиќ, метеоролог.

Голем број на луѓе сметаат дека септември е идеален за летување. Водата е уште топла, температурите не се високи, има помалку метежи, а и цените се поповолни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг